Дизни ќе ја оживее бајката „Аладин“ на големото филмско платно. Изминатиов викенд стана јасно кои актери ќе влезат во улогите на Аладин и принцезата Јасмин.

Британската актерка Наоми Скот ќе се претвори во шармантната принцеза, додека по напорна потрага беше одлучено Аладин да биде глумен од канадскиот актер со египетско потекло Мена Масуд.







Вил Смит ја доби улогата на духот од волшебната ламба. Филмот ќе биде режиран од Гај Ричи.



