Дизни го најавува оживувањето на „Аладин“ на филмското платно со возбудливо видео.
Официјалниот трејлер веќе ги освојува фановите на волшебната бајка.
Во улогата на Аладин влезе канадскиот актер со египетско потекло Мена Масуд, додека британската актерка Наоми Скот се претвори во шармантната принцеза Јасмин. Вил Смит ја доби улогата на духот од ламбата. Филмот е режиран од Гај Ричи, а ќе започне да се прикажува низ кината на 24 мај.

