И Ева Лонгорија заплива во дизајнерските води. На настан во Њујорк, 41-годишната актерка ја презентираше својата прва колекција облека која ја создаде во соработка со брендот „The Limited“.
Ѕвездата од серијата „Очајни домаќинки“ на настанот шармираше во жолта креација од својата колекција која ја искомбинира со сандали од Gianvito Rossi.
„Отсекогаш сакав да дизајнирам сопствена колекција облека, но чекав партнер како The Limited“ – вели Ева.






Лонгорија носеше своја креација и на Националната конвенција на Демократите.



