Одбројувањето до појавувањето на филмот „Сексот и градот 2“ продолжува, а верната публика сака да дознае што повеќе детали за случувањата во него. Вториот возбудлив трејлер добро си ја заврши работата - интересот за новата приказна е огромен.

Станува јасно дека бракот на Кери и Mr. Big ќе наиде на проблеми. Ликот на привлечната Пенелопе Круз ќе биде новото искушение за Mr. Big. А Кери Бредшоу, ненадејно ќе се сретне со нејзината бивша љубов Ејдан, додека заедно со Саманта, Шарлот и Миранда ќе бидат во посета на егзотичните локации во Абу Даби.
Забавата за четирите хероини продолжува, а за да го видите секој пикантен детаљ, треба да почекате најмалку до 27 мај.