Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Нина Бадриќ: „Не можам да бидам жена од 20 години, кога имам 52 години. Привилегија е да се остари“

Нина Бадриќ: „Не можам да бидам жена од 20 години, кога имам 52 години. Привилегија е да се остари“

Нина Бадриќ не се плаши да остари, затоа што според неа, тоа во денешно време е привилегија.

52-годишната пејачка предизвика лавина од реакции со интервју дадено на Филмскиот фестивал во Сараево, во кое изјави дека воопшто не се обидува да изгледа како да има 20 години, туку дека се гордее што изгледа соодветно за возраста.

Нина Бадриќ Нина Бадриќ

„Не можам да бидам жена од 20 години. Јас сум жена на свои години, 52 години и не можам да глумам девојка од 20 и нешто години. Можам да одам кај естетски хирург, да си ја оперирам устата, да си го затегнам лицето, да направам сè живо по телото, но јас и понатаму ќе зрачам како жена на мои години. Ќе изгледам, така мислам, полошо отколку што изгледам сега. Да се остари е привилегија. Денес, кога луѓето умираат млади, да се остари е голема привилегија.“

„Да се дочекаат некои години 60-ти, 50-ти, 70-ти, а камоли 80-ти, тоа денес стана како научна фантастика. Да ѝ се одземе на жената правото да старее е дегутантно... Секоја брчка го покажува твојот живот, го покажува она што ти си го живеела. Денес на жените апсолутно им е забрането стареењето и јас тоа не го поддржувам“ – вели Нина во видеото.

Бројни се комплиментите, но и критиките упатени кон Бадриќ.

Додека едни ја нарекуваат „кралица“, други пишуваат дека таа е „полтрон“ кој едно зборува, а друго прави.

Нина Бадриќ Нина Бадриќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21022 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.