Никол Шерцингер поседува тело на кое би позавиделе многу жени, а нејзиното ново момче е исто така фитнес зависник како неа.
41-годишната пејачка објави фотографија со 34-годишниот Том Еванс во фитнес сала и двајцата добија бројни комплименти за тонираните тела.
Никол и Том беа фотографирани додека се упатуваа на вечера во Вест Холивуд.
Убавата музичка ѕвезда носеше блескав син фустан од италијанската дизајнерка Симона Корселини.
Тие за првпат се појавија заедно на јавен настан на Златен глобус на почетокот од месецов.
Парот објави и видеа на кои танцува.