Никол Шерцингер и Том Еванс отпатуваа во Португалија за да се одморат од обврските.
42-годишната музичарка и нејзиното 36-годишно момче на Instagram споделија фотографии од летувањето. Атрактивните партнери ги покажаа тонираните тела. И Том и Никол напорно тренираат за да бидат во добра физичка форма.
Претходно, таа сподели фотографии на кои позира сама во бели бикини.
Парот се запозна во 2019 година за време на снимањето на „The X Factor: Celebrity“.