Компанијата за луксузен накит Cartier организираше забава по повод Денот на независноста на САД.
Никол Шерцингер беше една од славните гостинки кои се забавуваа на прославата која се одржа покрај езерото Комо во Италија.
На гламурозниот настан, атрактивната пејачка беше придружувана од своето момче Том Еванс.
Шерцингер изгледаше прекрасно во бела креација со сребрени детали.
Никол го прослави 43-тиот роденден токму за време на престојот во Италија. Погледнете ги фотографиите од нејзиното патување со Том.