Ал Пачино го прослави својот 77. роденден со одмор во Мексико. Легендарниот актер беше фотографиран на плажа со 38-годишната девојка Лусила Сола.
Парот си разменуваше бакнежи додека се разладуваше во тиркизните води.
Холивудската ѕвезда и аргентинската актерка се заедно повеќе од осум години. Пачино никогаш не бил во брак, но има 3 деца од две претходни врски.