Ал Пачино и Нур Алфала повеќе не се заедно.
Според документи до кои дојде The Blast, 29-годишната Нур поднела барање за добивање на целосно физичко старателство над синчето, кое пред три месеци го добија со 83-годишниот актер. Таа се согласила да му даде на Пачино легално старателство, што би му овозможило да биде вклучен во важните одлуки поврзани со детето како образование, лекување и религија.
Парот, кој беше во врска од април минатата година, беше фотографиран пред две недели.
Славниот холивудски актер е татко на уште три деца со две други жени – 22-годишните близнаци Антон и Оливија со поранешната партнерка Беверли Дианџело и 33-годишната Џули Мари со бившата девојка Џен Тарант.