Финалето на „Мис Универзум 2015“ заврши со незгоден момент кога водителот прогласи погрешна мисица за победничка.
Имено, во Топ 3 убавици на престижниот натпревар за убавина влегоа Мис САД Оливија Џордан, Мис Филипини Пија Алонзо Вуртсбах и Мис Колумбија Аријадна Гутиерез. Мис САД веднаш беше прогласена за втора придружничка, а потоа водителот Стиви Харви погрешно ја прогласи Мис Колумбија за победничка.
Откако Аријадна беше крунисана и започна да ѝ се радува на победата, Харви се извини за грешката и ја прогласи Филипинката за Мис Универзум 2015 година. „Морам да се извинам. Прва придружничка е Колумбија“ – вели тој, додека Колумбијката и Филипинката гледаат во него вкочането.
Стиви официјално им се извини на мисиците на Twitter.