Колумбијката победи на престижниот избор „Мис Универзум“, кој годинава се одржа во Мајами, Флорида.
Паулина Вега беше и фаворитка за освојување на титулата. „Ќе биде остварување на мој сон да ја претставувам денешната жена. Жена која не се грижи само за тоа да биде убава и гламурозна, туку и за тоа да биде професионална, интелигентна и трудољубива“ – изјавила 22-годишната бринета пред свечената манифестација.
Венецуелката Габриела Ислер ја круниса новата победничка. Новата скапоцена круна била изработувана 3.000 часа, а се проценува на 300.000 долари.
Украинката Дијана Харкуша беше избрана за прва придружничка, додека Ниа Санчез од САД беше прогласена за втора придружничка.
Мис Украина (прва придружничка)
Мис САД (втора придружничка)
Во првите пет финалистки влегоа и Мис Холандија и Мис Јамајка.
Мис Холандија
Мис Јамајка
Годинава на „Мис Универзум“ се натпреваруваа вкупно 88 мисици. Македонија немаше своја претставничка.