Викторија Бекам откри дека се кае за својата одлука за естетската корекција на градите.
42-годишната дизајнерка напиша отворено писмо во кое ѝ се обраќа на својата млада верзија и во кое ги открива нештата кои посакува да ги знаела кога имала 18 години.



„Научи да ги прифаќаш своите несовршености – тоа е она што сакам да ти го кажам. Дозволи ѝ на кожата да дише, употребувај помалку шминка... И она што веројатно треба да го кажам е да не си ги менуваш градите. Сите овие години јас го одрекував тоа – глупава. Тоа е знак на несигурност. Едноставно, цени го она што го имаш“ – пишува славната мајка на четири деца.

Викторија си ги зголеми градите додека беше дел од женската група „Spice Girls“, но во интервју за „Allure“ во 2014 година, таа откри дека си ги отстранила големите импланти.

Во писмото, Викторија исто така признава дека на прв поглед се заљубила во својот сопруг, Дејвид Бекам.

