Откако пред цел свет конечно ја призна вистината за неговата сексуалност, Рики Мартин очигледно започнува ново поглавје од својот живот.
Во ново промотивно видео за неговата турнеја тој се појавува целосно гол, а врз телото му се појавуваат дигитални тетоважи со инспиративни пораки испишани на шпански. Меѓу пораките кои се појавуваат се и „пронајди се себе си“, „простувај“ и „промени го својот живот“.
Видеото кое е наречено „Мојата кожа зборува“ (My Skin Talks) е метафора за неговото „будење“ и отворање пред светот. Со помош на видеото Рики им ја најавил новата турнеја „Black & White“ на неговите следбеници на Tweeter.