Марија Шерифовиќ ѝ приреди емотивно изненадување на мајка си Верица за нејзиниот 61. роденден.
39-годишната српска пејачка ги препеа песните на Верица и ѝ одржа приватен концерт со кој ја расплака, будејќи ѝ силни емоции. Овој проект, Марија го нарече „Uvek si mi govorila“ и напиша дека „можеби е најтешката, но и најубавата мисија“ која некогаш ја извела.
„Долго време размислував како да те израдувам за роденденот. Минатата година, иако ти беше 60. роденден, не сакаше ништо да славиш затоа што го чекаше внукот. Еве сега Марио е со нас, а јас не можам повеќе да купувам тенџериња, лонци и кутлачи... Затоа дојдов до идеја да им дадеме нов живот на некои од твоите најголеми песни“ – ѝ рече таа на Верица пред да го започне концертот.
„На мојата Вера, на мојата мајка. Од мојата душа, нејзините песни да живеат уште толку. Да ги подмладам, да им дадам нова енергија, нов ветер во грбот. Како што таа ми даваше мене секогаш. Низ овие осум безвременски песни да ја вратам и да и се заблагодарам за љубовта, непроспиените ноќи, трпението, грижата и радоста. Бабо, мајко, Верица моја – среќен 60. и 61. роденден“ – напиша Марија на Instagram.