Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Топ 10 најплатени холивудски актерки

Топ 10 најплатени холивудски актерки

Анџелина Џоли е актерката со најголема заработувачка во Холивуд. Според Forbes, шармантната бринета го зголемила своето богатство за 33 милиони долари во периодот од јуни 2012 до јуни 2013 година.

38-годишната свршеница на Бред Пит сè уште е една од најбараните актерки и соодветно добива и најдебели чекови. За најновиот филмски проект на Дизни, „Maleficent“, кој ќе ја доживее својата премиера следната година, Џоли добила 15 милиони долари. Во меѓувреме таа се докажа и во улогата на режисерка со филмот „In The Land of Blood and Honey“.

Погледнете кои се најплатените актерки во филмската индустрија и колкава е нивната заработувачка:

Анџелина ЏолиЏенифер ЛоренсКристен СтјуартЏенифер АнистонЕма СтоунШарлиз ТеронСандра БулокНатали ПортманМила КунисЏулија Робертс

1. Анџелина Џоли

Заработка: 33 милиони долари

2. Џенифер Лоренс

Заработка: 26 милиони долари

На второто место на листата на најплатени актерки е Џенифер Лоренс, која годнава се закити и со Оскар за најдобра актерка за филмот „Silver Linings Playbook“.

22-годишната ѕвезда од „The Hunger Games“ во изминативе година дена заработила 26 милиони долари.

3. Кристен Стјуарт

Заработка: 22 милиони долари

Кристен Стјуарт минатата година беше на врвот на листата со заработка од 34,5 милиони долари, благодарение на „Twilight“. Но, оваа година е на третото место со заработени 22 милиони долари.

4. Џенифер Анистон

Заработка: 20 милиони долари

Џенифер Анистон застана на четвртото место со 20 милиони долари, кои дојдоа на нејзината сметка поради филмовите „Horrible Bosses“ и „We're the Millers“, како и договорите со „Vitamin Water“ и компанијата за нега на кожа „Aveeno“.

5. Ема Стоун

Заработка: 16 милиони долари

6. Шарлиз Терон

Заработка: 15 милиони долари

7. Сандра Булок

Заработка: 14 милиони долари

8. Натали Портман

Заработка: 14 милиони долари

9. Мила Кунис

Заработка: 11 милиони долари

10. Џулија Робертс

Заработка: 11 милиони долари

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20803 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.