Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Натали Портман е новото лице на Диор

Натали Портман е новото лице на Диор

Натали Портман официјално е новото лице на модниот бренд Диор. 29-годишната актерка потпиша договор со француската модна куќа и нејзината прва кампања ќе биде за парфемот Miss Dior Cherie.

Печатените рекламни материјали се дело на фотографот Тим Вокер, а телевизиската реклама ја режираше Софија Копола.

Натали Портман Натали Портман

Телевизиската реклама содржи и кадри од бел лебед. „Потсвесно тоа е реклама за мојот филм“ – изјавила Портман, зборувајќи на филмот „Black Swan“ кој добива исклучително добри критики. Рекламата ќе започне да се прикажува во март наредната година.

Директорот на одделот за парфеми на Диор, Клод Мартинез, ја опиша Портман со зборовите „харизматична и елегантна“.

Натали ги следи стапките на други ѕвезди кои соработувале со Диор, како Чарлиз Терон, која беше лице за парфемот J'adore, и Шерон Стоун која беше ѕвезда во кампањата за козметичката линија за грижа на кожата.

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 18957 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.