Познатиот супермодел Наоми Кембел изјавила дека е засрамена од своето минато, особено поради неколкуте инциденти поврзани со нејзиниот лош темперамент.
“
Секој знае што имам направено. Јас сум човек и правам грешки, но сега расчистив со сите нив. Не ги негирам. Ја понесов одговорноста и многу сум засрамена од повеќето од инцидентите. Јас сум одговорна за моите постапки, но одговорна сум и за воведувањето на промени.
Само за потсетување, популарната манекенка е поврзана со многу инциденти во кои ја покажува својата агресивност. Во 2000г. таа се произнесе виновна за напад на нејзиниот личен асистент. Во 2003г. нејзина бивша асистентка ја тужеше поради тоа што фрлила со телефон кон неа за време на излив на бес.
Потоа, во 2004г. нејзината домашна помошничка тврдеше дека Наоми ја удрила по лицето, а во 2005г. личната асистентка ја обвини дека ја удирала по главата со BlackBerry. Но, тоа не е сè.
Во 2006г. Наоми беше уапсена поради тоа што со мобилен телефон ѝ нанела рана на нејзината домашна прислужничка. За тој прекршок таа доби и 5 дена општествено корисна работа. Но, и тоа не беше доволно за да ги смири нервите на кралицата на модните писти. Во 2008г. таа навреди полицаец на аеродромот Хитроу, откако го изгуби трпението затоа што исчезнал нејзиниот куфер. За тој испад, Кембел заработи 200 часа општествено корисна работа.