Брус Вилис доби уште една ќерка. 59-годишниот актер и неговата 35-годишна сопруга Ема Хеминг го проширија семејството со уште едно девојче.
Малото бебенце го добило името Евелин Пен Вилис.
Брус и Ема стапија во брак во 2009 година. Во април 2012 година ја добија ќеркичката Мејбел Реј Вилис.
Во неколку наврати Брус отворено зборуваше колку многу е среќен во вториот брак. „Би сакал да имам уште илјада деца или уште нула деца. Не е важно. Ема прави да се чувствувам одлично. Пред да ја запознам Ема бев голем песимист дека ќе ја пронајдам таа специјална жена со која би го поминал остатокот од животот“ – изјавил тој.
Брус Вилис има и три ќерки со Деми Мур – Румер (25), Скаут (22) и Талула (19).