Горан Папаз и неговата сопруга Наташа Атанасовска очекуваат тројка.
Убавата вест нашиот саксофонист ја објави со фотографија од снимките од скринингот. На неа, Наташа се смее додека ја држи долгата летна со снимките од трите бебиња кои ги носи во својата утроба.
„1 на 10.000 биле шансите за природна тројка... ние победивме! Вака изгледа скрининг на три бебиња во меше. П.С. Го решив проблемот со барање музичари за бенд“ – напиша Горан на Facebook.
Поранешниот член на групата Суперхикс и неговата сакана стапија во брак во јули 2022 година. Тој има синче по име Дамиан од првиот брак.