Тим Бартон ја доби 2.788-мата ѕвезда на холивудската Патека на славните.
66-годишниот легендарен режисер, чие последно филмско остварување е „Beetlejuice Beetlejuice“, ја доби поддршката од колегите и саканата Моника Белучи. На свеченото откривање на ѕвездата со негово име, Тим позираше со 59-годишната италијанска актерка, како и од актерите Мајкл Китон, Винона Рајдер и Дени ДеВито.
Во својот говор, Тим рече дека оваа ѕвезда е многу специјална за него.
Моника и Тим првпат беа видени заедно како пар во февруари 2023 година.