Поголемата ќерка на Моника Белучи и Винсент Касел го прослави својот 20-ти роденден.
По тој повод, славните актери објавија фотографии од нејзиното детство заедно со слатки пораки.
„Љубов моја! Среќен роденден! Ти посакувам многу среќа на овој важен ден и во целиот твој живот! Ти благодарам што постоиш“ – напиша Белучи, во описот на стара заедничка фотографија.
„Среќен роденден моја омилена љубов. Денес поминаа 20 години откако ме трансформирање во среќен и горд татко. Те сакам повеќе од сè“ – стои на фотографиите кои ги објави Винсент.
Белучи и Касел беа во брак од 1999 до 2013 година и заедно имаат две ќерки – Дева и Леони.
Дева веќе неколку години чекори во светот на модата, следејќи ги стапките на својата мајка.