На Моника Белучи не ѝ се потребни разголени креации за да зрачи со сексапил.
59-годишната актерка ги истакна облините во бордо креација на премиера во Лондон и измами многу воздишки.
Италијанската убавица носеше фустан од Anthony Vaccarello, кој го искомбинира со накит од Cartier и обувки на високи потпетици од Christian Louboutin.
На прикажувањето на „Beetlejuice Beetlejuice“, Белучи пристигна со својот партнер Тим Бартон, кој е режисер на филмот.
Моника ја има улогата на Делорес.