Моника Белучи и Тим Бартон присуствуваа на отворањето на Филмскиот фестивал во Венеција, кое беше одбележано со премиерата на нивниот заеднички филм „Beetlejuice Beetlejuice“.
Италијанската убавица, која следниот месец ќе го прослави 60-тиот роденден, шармираше во црна креација со отворено деколте и волуменозни ракави. Фустанот е дело на Vivienne Westwood, а Моника го надополни со накит од Cartier.
Бартон, исто така, беше облечен во црно од глава до пети.
За пристигнувањето во Венеција, Моника блескаше во модерен бел костум, додека за денски промотивен настан за филмот, таа носеше припиен фустан со точкест принт.