Моника Белучи заведуваше на настан за новинари на кој беше промовиран нејзиниот нов филм „Beetlejuice Beetlejuice“.
На цветниот тепих во Мексико, 59-годишната италијанска актерка привлекуваше погледи во шик костум со риги од Мајкл Корс.
Таа позираше покрај својот партнер Тим Бартон, кој е и режисер на филмот, како и со колегите Џена Ортега, Џастин Теру, Мајкл Китон и Томи Харпер.
„Beetlejuice Beetlejuice“ е продолжение на „Beetlejuice“ од 1988 година. Хорор комедијата ќе го отвори 81-вото издание на Филмскиот фестивал во Венеција на 28 август.