Селена Гомез во изминатиов период беше максимално фокусирана на подобрување на менталното здравје, поради што и не беше активна на социјалните мрежи.
26-годишната пејачка и актерка пријатно ги изненади своите фанови кога сподели фотографии од патувањето во Мексико по повод моминската забава на нејзина пријателка.





На фотографиите од забавната дружба, Селена е со широка насмевка, што многумина го прифатија како знак дека се движи по позитивна патека.
И папараците не ја испуштија приликата да ја фотографираат големата ѕвезда во релаксирано издание.











Во септември минатата година, Селена најави дека се повлекува од социјалните мрежи да се фокусира на својата добросостојба.