Викторија Бекам е најдобра подвижна реклама за својот бренд. Славната дизајнерка речиси без исклучоци носи свои креации.
Во изминативе денови, 42-годишната сопруга на Дејвид Бекам беше фотографирана во повеќе наврати низ Париз и Њујорк.
Во Градот на светлината, популарната џетсетерка носеше две комбинации кои вклучуваа кошули и плисирани здолништа. Заедно со неа беше и нејзиниот најстар син Бруклин и неговата бивша девојка Соња Бел Амар.












Во еден момент, Бруклин ја фотографираше мајка си пред Лувр.







И во Њујорк, Викторија беше фотографирана во стајлинзи со парчиња облека со нејзин потпис.








