Амал Клуни издвои време за ручек со своите пријателки. Сопругата на Џорџ Клуни беше фотографирана од папараците додека уживаше во ресторан на отворено покрај Езерото Комо.
46-годишната адвокатка изгледаше модерно и шик во стајлинг кој вклучуваше шешир и впечатлив комплет од Џамбатиста Вали.
Минатата седмица, Амал беше фотографирана на романтична вечера со Џорџ.