Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Модерна и шармантна: Јелена Ѓоковиќ во фотосесија за „Вог“, зборуваше за родителството и односот со децата

Модерна и шармантна: Јелена Ѓоковиќ во фотосесија за „Вог“, зборуваше за родителството и односот со децата

Јелена Ѓоковиќ сними фотосесија за „Вог Адриа“ и интервју со еден од водечките стручњаци во областа на раниот развој и детската психологија, доктор Гордон Нојфелд.

Јелена Ѓоковиќ

38-годишната сопруга на тенисерот Новак Ѓоковиќ зборуваше со авторот на бестселерот „Држете се до своите деца“ на важни теми како враќањето кон семејството во брзото време на денешницата.

„Да, да бидеме заедно и да имаме бесплатни прегратки навистина ми помага да се наполнам со енергија. Читањето книги и играњето се многу важни за сите нас. Новак е одличен во игрите со децата, тој е многу разигран татко, што му носи радост на семејството и ни помага со сите стресови. Понекогаш наједноставните работи кои ги правиме навистина се најважни“ – рече Јелена во интервјуто.

Јелена Ѓоковиќ Јелена Ѓоковиќ Јелена Ѓоковиќ

Нејзиниот соговорник Гордон истакна дека најновите истражувања покажуваат дека играта всушност е одмор за мозокот.

„Примарен извор на одмор се односите во кои се чувствуваш заштитено и тоа е многу важно. Друг извор на одмор е играта. Новите научни истражувања за игрите дојдоа до заклучок дека кога е мозокот во режим на игри, тој е во режим на одмор. Тоа е активиран одмор. Па, кога си во своите приказни, кога си во простор на игрите, кога си играте заедно, доживуваш обнова. И третиот извор на одмор, местото кое многумина не го сметаат за место за одмор е тагата. Кога си тажен поради нешто што не функционира, тоа ти помага да престанеш да се бориш за тоа нешто и така се одмараш. Кога ќе направиш простор во животот за овие работи, се полниш со енергија“ – рече тој.

Јелена Ѓоковиќ Јелена Ѓоковиќ

Гордон во октомври ќе ги посети Србија, Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина, како дел од програмата на Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ за подигнување на свеста за развојот на децата и родителството.

Јелена Ѓоковиќ Јелена Ѓоковиќ

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 21016 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.