Емили Дидонато го изгуби третото бебенце во првиот триместар од бременоста.
Моделот на Victoria’s Secret низ солзи ја сподели тажната вест и сними видео кое го објави на TikTok.
„Пред три дена отидов на првиот преглед со ултразвук за моето трето бебе. Бев околу осум недели бремена, кога докторот ми кажа дека нема отчукување на срцето. Денес треба да ми биде направена киретажа, за да се отстрани. Многу сум тажна“ – признава таа.
Дидонато откри и дека се плаши повторно да забремени, бидејќи стравува дека ќе ја искуси истата судбина повторно.
„Преплашена сум да пробам пак, бидејќи што ако се случи ова повторно? Отсекогаш сакав трето дете, но дел од мене вели дека можеби универзумот ми кажува дека две се доволни за мене“ – вели Емили натажена.
@didonatoemily This was a few weeks ago but i now feel ready to share. If you’ve experienced this type of loss as well, i’m so sorry
♬ original sound - Emily DiDonato
Емили и нејзиниот сопруг Кајл Питерсон го добија првото дете во 2021 година, додека второто детенце дојде на овој свет во мај минатата година.