Почетна » Новости » Шоу-бизнис » Мис САД со нова круна: Модна дизајнерка стана Мис Универзум

Мис САД со нова круна: Модна дизајнерка стана Мис Универзум

Арбони Габриел ја освои гламурозната круна на Мис Универзум. 28-годишната претставничка на САД победи на натпреварот за убавина кој се одржа во Ну Орлеанс.

Мис Универзум Мис Универзум Мис Универзум Мис Универзум

Среќната убавица по крунисувањето изјави дека во новата улога ќе се обиде да менува животи. „Ќе бидам лидер на трансформации. Многу е важно да инвестираме во други, да инвестираме во нашата заедница и да го користиме нашиот уникатен талент за да направиме разлика. Сите имаме нешто специјално и кога ќе го засадиме тоа во други луѓе, ги трансформираме и го користиме тоа како двигател на промена“ – рече таа.

Габриел е модна дизајнерка чиј фокус е еко-модата, модел и инструкторка по шиење на жртви на семејно насилство и трговија со луѓе.

Мис Универзум Мис Универзум Мис Универзум

На прашањето што би променила во натпреварот за убавина, таа одговори дека би ја елиминирала возрасната граница од 28 години, бидејќи жените не се дефинирани од возраста.

Аманда Дудамел од Венецуела беше прогласена за прва придружничка, а Андреина Мартинез од Доминиканската Република за втора придружничка.

Мис Универзум Мис Универзум
Мис Универзум Мис Универзум

Видео од крунисувањето

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20853 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.