Метју Меконахи конечно реши да ја круниса својата врска со Камила Алвес со свршувачка. На Божиќ, 42-годишниот актер ја побарал раката на Камила и судејќи според фотографијата што тој ја објави, убавата бринета одговорила со „да“.
„Само што ја побарав Камила за жена. Среќен Божиќ“ – напиша тој на неговата страна на WhoSay.
Камила, која е бразилски модел, официјално започна врска со згодниот актер во 2007 година.
Заедно имаат две деца. Во 2008 година Камила го роди нивниот син Леви Алвес Меконахи, а минатата година тие го зголемија своето семејство со ќеркичката Вида Алвес Меконахи.