Метју Меконахи беше награден за својата работа во филмската индустрија на Texas Medal Of Arts Awards. На церемонијата им беа оддадени признанија на успешни личности од сферата на филмот, музиката, архитектурата, уметноста и модата кои потекнуваат или живеат во Тексас.
49-годишниот холивудски актер ја доби поддршката од своето семејство. На црвениот тепих, успешниот оскаровец позираше со сопругата Камила Алвес, трите мали деца и неговата мајка.





Метју и Камила се во брак од 2012 година.



