Многу обожавателки на Мет Ле Бланк останаа разочарани кога за прв пат се појавија фотографии од неговата побелена коса. Но, белите влакна и не се некоја новост, само што Мет успевал добро да ги прикрие.
Тој признал дека во текот на снимањето на популарната серија „Пријатели“ постојано си ја бојадисувал косата, но дека му се смачило да го прави тоа за да има помлад изглед.
Мет и во легендарната серија „Пријатели“ и во серијата „Џои“ го глумеше ликот на Џои Трибијани, голем шармер на којшто жените не можеа да му одолеат.
Наскоро Ле Бланк ќе се врати повторно на екраните, во шоуто „Епизоди“ во кое ќе глуми маж со исто име како неговото. Во врска со тоа Мет изјавил: „Тоа е лик. Не сум јас. Тоа повеќе е перцепцијата на јавноста за мене“.