
Актерот Мел Гибсон и неговата девојка Оксана Григориева, која пред 5 месеци ја роди нивната прва ќерка Луција, се разделиле по жестока расправија.
Наводно руската пејачка го обвинила Гибсон дека ја изневерил и дека не си го исполнил ветувањето да се ожени со неа, по што 54-годишниот актер ѝ кажал дека е готово меѓу нив.
Разделбата ја потврди и познатото списание People кое објави и изјава од анонимен близок на двојката: „Тие едноставно се оддалечија. Двајцата работата напорно на нивните кариери и се обидуваат да израснат слатко бебенце заедно. Сè уште се пријатели и заедно ќе се грижат за Луција.“
Во април минатата година бившата жена на Мел Гибсон побара развод по 30 години брак. Еден месец подоцна Мел и Оксана се појавија заедно во јавност.