Атрактивната актерка Меган Фокс е новото лице на модната империја Армани. Вчера за прв пат се појавија фотографии од новата рекламна кампања пролет/лето 2010, во која 23-годишната убавица го покажа своето прекрасно тело.
На фотографиите таа позира во долна облека, мини здолништа и тесни кошули. Во врска со изборот на модел за кампањата, дизајнерот Џорџо Армани изјавил: „Меган е млада, секси и има многу енергија. Emporio Armani Underwear и Armani Jeans се насочуваат кон младешкиот изглед и поради тоа таа е идеалниот избор за оваа колекција.“
Меган Фокс својата популарност ја стекна благодарение на филмот „Transformers“ и оттогаш нејзината слава постојано се зголемува. Таа е меѓу најсексапилните жени на светот. Во моментов го снима својот нов филм „Passion Play“, во кој што учествува и Мики Рурк.