Армани ја обожава Меган Фокс, а има и зошто. 24-годишната актерка блеска во секоја реклама за познатиот бренд, независно дали е за фармерки, долна облека, козметика или парфеми.
Во целост се појави најновата реклама за Emporio Armani и Armani Jeans за рекламната кампања пролет/лето 2011.
Во црно-белото видео, Меган носи секси долна облека и е покриена со проѕирна ткаенина. Во други кадри Фокс се појавува топлес, облечена само по фармерки.
Прекрасната актерка минатата година ја замени Викторија Бекам како рекламно лице на Армани, а оваа година Рафел Надал го замени Кристијано Роналдо кој беше ѕвезда во претходните рекламни кампањи на Армани.
Сè уште нема ни трага ни глас од рекламата на Надал.