Мег Рајан пристигна во Босна и Хецеговина. Холивудската актерка беше почесна гостинка на Филмскиот фестивал во Сараево, каде доби специјална награда.
На црвениот тепих, 62-годишната филмска ѕвезда зачекори го елегантен сив фустан со јаки, кој го искомбинира со удобни црни обувки.
Нејзе ѝ беше врачена наградата „Срцето на Сараево“ за нејзиниот исклучителен придонес во филмската уметност.
„Многу сум среќна што сум тука. Докажавте дека уметноста и културата се отпор. Вие сте доказ дека различноста е сила, дека уметноста е она што нè прави помалку осамени, дека уметноста ги поврзува луѓето надвор од сите ограничувања и дека нема поделба. Тоа е уметност, а не војна. Ви благодарам за ова Срце, вие го имате моето“ – изјави Мег во својот краток говор.