Не е новост дека речиси без исклучок сите фотографии минуваат низ Фотошоп пред да стигнат до списанијата и рекламите, но секогаш е интересно да се види колку многу корекции се прават по телата и лицата на славните.
Овој пат на мета е Мараја Кери, пејачката која изминатиов период редовно е критикувана зашто презентира пред јавноста нереална слика за себе. Женскиот сајт Jezebel стигна до оригиналните фотографии од фотосесија на Мараја со контроверзниот Тери Ричардсон пред тие да бидат дигитално обработени.
Преку анимирани GIF-ови се прикажани промените како намалување на стомакот и израмнување на кожата, зголемување на градите и бришење на стрии.
Фановите на 44-годишната музичка ѕвезда неодамна беа непријатно изненадени од омотот на нејзиниот нов албум „Me. I Am Mariah... The Elusive Chanteuse“, затоа што на фотографијата нејзиното тело е апсолутно нереално.