Креативен дечко, кој се претставува како брат близнак на Кендал Џенер, се „вметнува“ себеси во фотографиите на славната манекенка со помош на Фотошоп, а резултатот несомнено ќе ве насмее.
„Како моја постара сестра, со Кендал имаме нераскинлива врска“ – се шегува тој и додава дека неговото име е Кирби Џенер. Тој досега има 1 милион следбеници на Instagram.