Почетна » Новости » Шоу-бизнис » „Мама те сака до месечината и назад“: Ванеса Брајант со емотивни пораки за ќерката Џиџи и сопругот Коби 10 дена по нивната смрт

„Мама те сака до месечината и назад“: Ванеса Брајант со емотивни пораки за ќерката Џиџи и сопругот Коби 10 дена по нивната смрт

Ванеса Брајант е скршена од болка поради смртта на нејзиниот сопруг Коби и ќерката Џиана.

37-годишната Американка сподели фотографии и видеа од двете важни за неа личности кои ги изгуби прерано.

Во описот на фотографија од Коби, таа напиша: „Мојот најдобар пријател, најдобриот татко. Многу ми недостигаш. #згоден #сладок #забавен #будалест #грижливсопруг. Ми недостига да ми речеш ‘Bonjourno principessa/reina’ (Добро утро принцеза/кралица)“.

Ванеса објави и фотографии и видео од „пензионирањето“ на дресот со бројот 2 на Џиана од училиштето „Харбор Деј“.

„Моја Џиана. Боже колку многу ми недостигаш. Бев голема среќничка што 13 години се будев за да го видам твоето прекрасно лице и неверојатната насмевка. Посакувам да беше така до мојот последен здив. Мама те сака до месечината и назад“ – напиша таа.

„Моја Џиџи. Те сакам! Ми недостигаш. Нè научи сите нас дека ниту едно добро дело не е премало. Мама сè уште се гордее и секогаш ќе се гордее со тебе мамино“ – напиша Ванеса во друга објава.

Коби Брајант и Џиана беа меѓу деветте лица кои го загубија животот во хеликоптерска несреќа во Калабасис пред 10 дена.

Коби Брајант Коби Брајант

Анкета

Анкета
Дали си имате направено естетска корекција на лицето?
  • 15%
  • 24%
  • 61%
Се испраќа...

(Вкупно: 20964 гласа)

Цитат

Животот е како монета. Можете да ја потрошите како сакате, но можете да ја потрошите САМО ЕДНАШ.

Лилиен Диксон

Виц

Брачните расправии се како да читаш „Правила и услови за користење“ на интернет.

На крајот посекако завршуваш со: „Се согласувам“.