Меган Фокс ги насочи сите погледи кон себе на MTV VMA во Њујорк.
На црвениот тепих, 35-годишната актерка изгледаше провокативно во проѕирен фустан од колекцијата за сезоната пролет/лето 2021 на Mugler.
Ѕвездата од „Transformers“ го придружуваше момчето Машин Ган Кели, кој ја доби наградата Најдобро алтернативно видео за видеозаписот за „My Ex’s Best Friend (feat Blackbear)“.
31-годишниот музичар имаше инцидент на црвениот тепих со УФЦ шампионот Конор Мекгрегор, но обезбедувањето се погрижи да нема физичка пресметка.