Машин Ган Кели ја крена Меган Фокс додека заедно се пробиваа низ толпа фанови пред студиото на NBC во Њујорк.
Парот привлече големо внимание пред снимањето на „Saturday Night Live“, бидејќи 30-годишниот музичар ја носеше на раце 34-годишната актерка.
Постапката на пејачот, чие вистинско име е Ричард Колсон Бејкер, предизвика спротивставени коментари. Некои го нарекуваат „кавалер“, а пак други ги критикуваат него и Меган за незрелото однесување.
Во тек е постапката за развод на Меган од Брајан Остин Грин, со кого има три мали сина.