Меган Фокс и Машин Ган Кели очигледно ја обновија врската по краткото раскинување кое ги поттикна фановите да шпекулираат дека беше резултат на неверство.
Популарната двојка беше фотографирана додека се релаксираше на тропска плажа, а нивната блискост говори дека ги надминале љубовните проблеми.
36-годишната актерка во февруари јавно откри дека има турбуленции во нејзината врска со 32-годишниот музичар, со тоа што ги избриша сите фотографии со него од Instagram. Нејзината порака „Можеш да ја вкусиш нечесноста, се чувствува во твојот здив“ ги наведе фановите да сметаат дека станува збор за неверство. Многумина побрзаа да ја обвинат гитаристката Софи Лојд дека имала афера со Машин Ган Кели, но Фокс негираше дека трета личност е вмешана.
Меган и Машин Ган Кели се во врска од 2020 година, а две години подоцна тој ја побара за жена.
Од бракот со Брајан Остин Грин, Фокс има три деца – 10-годишниот Ноа, 9-годишниот Боди и 6-годишниот Џурни додека MGK е татко на 13-годишната Кејси од врската со Ема Канон.