„Ништо не се споредува со овие моменти“ – напиша Луисана Лопилато во описот на фотографија на која го дои своето мало синче Елијас.
Фотографијата од специјалниот момент, 28-годишната актерка ја сподели на својот профил на Instagram.

Аргентинската убавица, која кај нас се прослави со улогата на Миа Колучи во серијата „Млади бунтовници“, има две деца со пејачот Мајкл Бубле. Тие го добија првиот син Ноа во август 2013 година, а во јануари оваа година му посакаа добредојде на малиот Елијас.
Погледнете и други семејни фотографии кои познатиот пар ги споделува со своите обожаватели на социјалните мрежи:


















Луисана и Мајкл се запознаа во ноември 2008 година, а во март 2011 година стапија во брак.