Лионел Меси ја доби поддршката од гордата сопруга Антонела на церемонија по повод премиерата на новото шоу од „Cirque du Soleil“ посветено токму на неговиот живот.
31-годишниот фудбалер и 30-годишната убавица заедно пристигнаа на свеченоста која се одржа во „Камп Ноу“ и ги привлекоа кон себе објективите на фоторепортерите.
На црвениот тепих, Антонела изгледаше атрактивно во комбинезон со разголено деколте.













Лионел и Антонела стапија во брак во 2017 година, а се знаат од 5-годишна возраст. Парот има три мали деца.