Списанието Billboard, кое е најрелевантен извор кога станува збор за информации од музичката сцена, ја прогласи Лејди Гага за Изведувач на годината.
Минатата година ексцентричната пејачка ја доби наградата Најдобар нов изведувач и само за една година успеа да достигне ја популарноста за да биде прогласена за изведувач на 2010-та. Со таквиот успех Гага ги следи чекорите на Витни Хјустон која во 1985г. беше прогласена за Најдобар нов изведувач, а веќе наредната година за Изведувач на годината.
Гага е почестена со оваа титула благодарение на големиот успех на нејзините два албума „The Fame“ и „The Fame Monster“.
На второто место веднаш зад Лејди Гага е 20-годишната Тејлор Свифт, која ја освои публиката со албумите „Fearless“ и „Speak Now“.
Оваа година за Најдобар нов изведувач е прогласена откачената пејачка Ke$ha.
10-те најдобри изведувачи за 2010г.
- Лејди Гага
- Тејлор Свифт
- Еминем
- Лејди Антебелум
- Ke$ha
- Ашер
- The Black Eyed Peas
- Џастин Бибер
- Ријана
- Дрејк