Леонардо Дикаприо и Грета Тунберг имаат значајна заедничка цел – зачувување на планетата Земја.
44-годишниот актер, кој редовно донира средства за заштита на животната средина и

„Неколку пати во човечката историја се случувало гласовите да се засилени во решавачки моменти и на толку трансформативни начини, но Грета Тунберг стана лидер на нашето време. Историјата ќе ни суди за она што го преземаме денес за да се осигуриме дека идните генерации ќе уживаат во истата планета која е јасно дека ние ја земаме здраво за готово.
Се надевам дека пораката на Грета ќе ги разбуди светските лидери насекаде и ќе ги потсети дека времето за неактивност истече. Поради Грета и младите активисти низ светот, јас сум оптимист за она што ни го носи иднината.
Ми беше чест што се дружев со Грета. И двајцата се обврзавме да се поддржуваме еден со друг со надеж да обезбедиме посветла иднина за нашата планета.“ - стои во пораката на Дикаприо.
