Халовин ја разбуди креативноста кај славните. За Ноќта на вештерките, Бијонсе и Џеј Зи се трансформираа во најпознатите кукли и станаа Барби и Кен.
35-годишната пејачка сподели фотографии од маските на Instagram. Славните музичари комплетно се соживеаа со своите „улоги“ и позираа во кутии.
Познатиот пар има прекрасна придружба – слатката ќеркичка Блу Ајви.



За претходната маска, Бијонсе, Блу Ајви и нејзината мајка Тина Ноулс се инспирираа од стилот на хип-хоп триото Salt-N-Pepa. Во забавното маскирање им се приклучи и Џеј Зи. Ѕирнете како изгледаше семејството во видеото: