Кристијано Роналдо е Најдобриот стрелец на сите времиња во Лигата на шампионите.
39-годишниот фудбалер ја прими специјалната награда од претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, на церемонија која се одржа во Монте Карло. Тој изгледаше елегантно покрај саканата Џорџина Родригез, која беше облечена во кратко бело фустанче. И двајцата носеа дијамантски накит од Messika. Брошот на Кристијано беше со дијамант од 33 карати.
Кристијано има постигнато 140 гола во 183 натпревари одиграни во Лигата на шампионите.